Министерството за одбрана на Русија во петокот изјави дека сателитските снимки од местото на падот на малезискиот Боинг, кои треба да го оспорат присуството на ПВО системот „Бук“ на местото на несреќата, се направени покасно од руските снимки и дека нив не ги направила Украина, пренесува РИА „Новости“.
„Можеме да тврдиме дека сопственик на објавените фото-материјали не е Украина. Очигледно е дека вистинските сопственици на овие снимки не се осудуваат да ги објават во своите име за да не го разрушат митот за моќта на своето космичко разузнавање“, се наведува во соопштението.
Освен тоа, Министерството истакнува дека снимките кои ги претстави Службата за безбедност на Украина се направени многу покасно од руските снимки и дека ништо не докажуваат.
„Нивниот квалитет и нивното користење како аргумент за оптужбите кои денес СБУ ги упатува кон РФ не можат да издржат никаква критика“, додаваат во Министерството за одбрана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче