Медиуми: Русија покажува цврстина и покрај новите санкции

Русија покажува цврстина и покрај новите американски и европски санкции, пишува The Guardian. Москва настојува да го локализира производството и да стане посилна, но аналитичарите, од своја страна, изјавуваат за последиците по клучните сектори за руската економија, се кажува во статијата.

Претходно беше соопштено дека САД можат да воведат нови санкции против Русија во однос на трговијата во хартии од вредност и краткорочни заеми. Исто така, соопштено е дека ЕУ воведе санкции против првиот заменик шеф на администрацијата на претседателот на Русија, Алексеј Громов, како и против шефот на советот на директори на СМП-банката, Аркадиј Ротенберг. Во списокот санкции се најдоа и акционерите од банката „Русија“, Јуриј Коваљчук и Николај Шамалов. Освен тоа, санкции се воведени и против концернот „Алмаз-Антеј“, авиокомпанијата „Добролет“ и „Руската национална комерцијална банка (РНКБ).

Во својата статија, The Guardian додава дека новите санкции на Западот против Русија не гарантираат промена на политиката на Москва кон Украина, туку најверојатно ќе предизвикаат заострување на односот на Кремљ кон западните држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња