Руската Федерација повторно се залага за почеток на преговорите за Украина

Неопходно е да се најде мирно решение за конфликтот во Украина, со кој би се обезбедиле правата на сите граѓани во сите области на земјата, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на конференцијата за печатот после разговорите со министерот за надворешни работи на Таџикистан, Сироџидин Аслов.

„Секако, го разгледавме вооружениот судир на истокот. Се согласуваме дека е неопходен прекин на крвопролевањето и итен почеток на преговорите“, изјави Лавров.

Според податоците на комесаријатот на ООН за човекови права и Светската здравствена организација, за време на специјалната операција на истокот во Украина од април до 26 јули загинале 1.129 цивили, а 3.442 се ранети. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња