Вицепремиерот на Украина предложи да се ограничи увозот на руски книги

Украина има намера да воведе лиценцирање за руската книжна продукција, пишува „Интерфакс“, повикувајќи се на изјавата на вицепремиерот на државата, Александар Сич за време на конференцијата за печатот во Киев.

Сич предложи да се воведат санкции кон книгите од руско производство поради решението на владата за воведување секторски санкции против производите од Русија.

„Ќе воведеме лиценцирање на руските книги и воведување квоти за странските книги во зависност од тоа колку проценти на пазарот зазема украинската книга. Тоа ќе се однесува не само на руските книги, туку и на увозните“, појасни вицепремиерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња