Санкциите на Западот против Русија можат да се вратат како бумеранг против тие кои ги воведуваат, изјави шефот на МНР на Белорусија, Владимир Макеј, а пренесува „Интерфакс“.
„Што се однесува до надворешните санкции кои САД и ЕУ сакаат да ги воведат или веќе ги воведоа против Русија, сметам дека, земено предвид дека Русија е огромна, моќна на економски и воен план, тие санкции можат да се вратат како ‘бумеранг’ кон тие кои ги воведуваат“, смета Макеј.
Според неговите зборови, ако се „сруши“ економијата на Русија, тогаш економијата на Европа ќе преживее многу тежок период.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче