Во програмата за изградба и реконструкција на руските патишта влегоа и 485 км патишта на Крим

Министерот за транспорт на Русија, Максим Соколов, настапувајќи во четвртокот на Првиот кримски транспортен форум, изјави дека програмата за изградба и реконструкција на патиштата, со која се занимава Министерството за транспорт, ќе вклучи во себе и 485 километри патишта на територијата на Крим.

Тој додаде дека во моментов на полуостровот завршува реализацијата на неколку претходно започнати проекти, вклучувајќи ја и третата етапа на изградбата на обиколницата во Симферопољ, како и изградба на обиколница околу Севастопољ.

Министерот подвлече дека во првата етапа на изградбата ќе бидат поврзани со модерни траси Севастопољ, Симферопољ, Керч, Феодосија, Евпаторија, Јалта, Судак, Џанка и други градови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња