Чуркин ја обвини Украина дека ги фалсификува фактите за падот на Боингот

Постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин, го обвини официјален Киев дека ги фалсификува доказите за вината на доброволците во Украина околу соборувањето на Боингот, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС.

Постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин, го обвини официјален Киев дека ги фалсификува доказите за вината на доброволците во Украина околу соборувањето на Боингот, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС.

Според неговите зборови, аудио-снимката од разговорот меѓу командантот на доброволците, која ја објави украинската страна, „е монтиран врз основа на неколку разговори, меѓу кои се и оние водени пред инцидентот“, а видео-снимката „која прикажува транспорт на противавионски систем ‘Бук’ на територијата“, е снимен на територијата која ја контролира Киев.

„Украина за време на истрагата треба да одговори на многу прашања: и за активностите на своите контролори за летови, како и за причините поради кои на 17 јули една од украинските батерии ‘Бук’ беше префрлена во реон кој се наоѓа во непосредна близина на територијата под контрола на доброволците“, изјави Чуркин.

„Зошто веднаш после падот на патничкиот авион оваа батерија итно го напушти тој реон? Зошто баш на 17 јули радарите на украинските ПВО единици работеа со максимален интензитет? Министерството за одбрана на Русија веќе формулираше доста прашања, а остана да се надеваме дека нив ќе ги постават и другите кои се занимаваат со истрагата“, додаде Чуркин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.