Медиуми: државите на ЕУ имаат различни мислења за новите санкции против Русија

Државите на Европската унија имаат различни мислења за засилувањето на санкциите против Русија, пишува The Financial Times.

Државите на Европската унија имаат различни мислења за засилувањето на санкциите против Русија, пишува The Financial Times.

Минатиот викенд лидерите на трите најголеми економии на ЕУ (Британија, Франција и Германија) предупредија за можното воведување нови мерки против Москва во случај Русија да не помогне во обезбедувањето на безбедноста при барањето на телата од малезискиот авион, како и откривање на причините за катастрофата на МH17, се кажува во статијата.

Сепак, на „тројката“ ѝ пречат дамнешните несогласувања како имено треба да се казни Русија, забележува весникот. Според мислењето на весникот, тие несогласувања ќе излезат на површина во вторник, кога министрите за надворешни работи на ЕУ ќе ја извршат прата средба после падот на малезискиот Боинг.

Во забелешката се кажува дека министрите ќе разговараат за воведувањето санкции против одредени лица и компании, но земајќи ја предвид зависноста на ЕУ од рускиот гас, министрите ќе прикажат претпазливост за мерките против руските енергетски групи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.