Претседателот Иванов го поддржа „Јужен тек“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, ја поддржува реализацијата „Јужен тек“.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, ја поддржува реализацијата „Јужен тек“.

„Македонија во долгорочна перспектива има потреба од стабилни извори на енергија, и затоа Македонија, како и другите земји во регионот, чувствува неопходност од дополнителни количества гас“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на претседателот Иванов.

„Имено затоа Македонија стана дел од овој проект – за да ги искористи оние предности кои тој ги нуди, а меѓу нив и добивањето дополнителни количини гас“, изјави Иванов.

Претходно еврокомесарот за енергетика, Гинтер Етингер, се закани на земјите во ЕУ кои решија да го поддржат проектот „Јужен тек“. Етингер изјави дека изградбата на гасоводот „Јужен тек“ треба да биде прекината сѐ додека не соодветствува во целост со нормите на ЕУ.

Постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов, изјави дека не постојат докази дека гасоводот „Јужен тек“ не одговара на законодавството на ЕУ, и изјави дека тоа е само мислење на Европската комисија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња