Песков ги демантираше „плановите“ на Кремљ за „прецизни удари“ на украинска територија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави во интервју за Блумберг дека Москва не разгледува евентуални „високопрецизни удари“ врз територијата на Украина како одговор за гранатирањето на Ростовската област.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави во интервју за Блумберг дека Москва не разгледува евентуални „високопрецизни удари“ врз територијата на Украина како одговор за гранатирањето на Ростовската област. Песков оваа информација ја нарече глупост, нагласувајќи дека Русија исклучува такви сценарија за развој на ситуацијата.

Претходно весникот Комерсант пренесе, повикувајќи се на извор близок до Кремљ, дека Москва би можела да изврши „прецизни удари“ на местата каде се пука на руска територија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња