Немало експлозија во московското метро

Во органите на безбедноста во Москва ја негираат информацијата дека причина за несреќата во московското метро е експлозија, пренесува ИТАР-ТАСС.

Во органите на безбедноста во Москва ја негираат информацијата дека причина за несреќата во московското метро е експлозија, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Информацијата за експлозија, која ја пласираа во медиумите, нема никаква основа. Несреќата има чисто технички карактер“, изјави извор во МВР на Русија.

Претходно се обзнани дека причина за несреќата на Арбатско-Покровската линија во московското метро е механичка повреда на еден од вагоните.

Начално беше известено дека причина за несреќата е наглото зголемување на напонот во електричната мрежа., а подоцна компанијата која го снабдува метрото во Москва со електрична енергија изјави дека не се забележани никакви проблеми со напонот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња