Според зборовите на заменикот претседател на владата на Русија, тоа што ракетно-космичката индустрија го работи во тешки услови може да биде од корист. Ова го образложи со зборовите: „не смее во 21 век, во услови кога геополитиката станува сѐ посурова, да се живее опуштено“, изјави за новинарите Дмитриј Рогозин.
„Сега ракетно-космичката индустрија, како и другите високотехнолошки области во Русија, работи во услови на санкции“, изјави Рогозин за време на посетата на ракетно-космичкиот центар „Хруничев“ во Москва, каде што се создава новата ракета „Ангара“.
Според неговите зборови, ракетно-космичката индустрија е принудена да работи во отежнати услови, но и тоа може да биде од корист.
Говорејќи за влијанието на санкциите, тој изјави дека, пред сѐ, тие влијаат на зависноста на гранките од увозната радијациско-отпорна електронска технологија. „Прекинот на испораките на делови од Украина и другите земји влијаат врз создавање на сопствена, руска технологија. Тоа е т.н. план за замена на увозот, кој наскоро ќе му биде прикажан на претседателот. Врз него работи Роскосмос“, изјави Рогозин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.