Претседателот на Русија, Владимир Путин вети дека за време на Светското фудбалско првенство во 2018 ќе бидат укинати визите за спортистите, судиите, тренерите и навивачите, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Пред и за време на Светското фудбалско првенство во Русија без визи ќе можат да допатуваат не само сите официјални учесници во натпреварувањата, туку и навивачите. Ова е прв пат во историјата на Светските фудбалски првенства на учесниците и навивачите да им се пружи таква можност“, изјави Путин.
Рускиот претседател потсети дека со закон веќе е регулиран „специјалниот и олеснат визен режим за сите странски државјани кои ќе помагаат во подготовките за Светското фудбалско првенство во 2018.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.