Претседателот на Сојузот на европските фудбалски асоцијации (УЕФА), Мишел Платини, даде изјава за неговите очекувања од светското фудбалско првенство во 2018 година во Русија.
„Уверен сум дека сѐ ќе биде во најдобар ред. Секогаш ќе се најдат и такви кои ќе критикуваат, а имено сега е времето да се слушнат и нивните мислења. Сетете се колку критики имаше за Сочи, но сѐ заврши прекрасно. До првенството има уште многу време, и сум уверен дека Русија прекрасно ќе го организира. Јас прекрасно ги знам луѓето кои работат во организацискиот комитет и не се сомневам во нивната работа“, изјави Платини.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче