Русија, во случај да се повторат нападите од украинска страна, го задржува правото да преземе законски мерки за заштита на својата територија, стои во соопштението на МНР на Русија.
„Во случај да се повторат провокациите од украинска страна, руската страна го задржува правото да преземе мерки предвидени според законодавството на Руската Федерација за да ја заштити својата територија и да ја зачува безбедноста на своите граѓани“, стои во соопштението на МНР на Русија.
Руското министерство за надворешни работи истовремено изрази протест околу нападот кој се случи во текот на вчерашниот ден на еден од граничните премини меѓу Русија и Украина. „Руската страна упати на украинската страна уште еден протест и бара да се прекине со нападите на руската територија и нарушувањето на границата на Руската Федерација“, стои во соопштението.
Освен тоа, во МНР на Русија изјавено е дека нападот на граничарската патрола на 12 јули од украинска страна е направен од претходно подготвени позиции. „Постојат убедливи докази дека нападот врз граничарите е воден од украинска територија, и тоа од претходно подготвени позиции“, стои во документот.
Да потсетиме дека ноќта на 12 јули беше нападната патрола на руски граничари од украинска страна. Инцидентот се случи во реонот на граничниот премин Мариновка (Украина) – Кујбишево (Русија).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче