Заменикот министер за економија на Русија, Алексеј Клепач, смета дека Русија во вториот квартал од оваа година ќе избегне техничка рецесија, пренесува „Интерфакс“.
Според податоците на Министерството за економија на Русија, во вториот квартал годинава се забележува нулев раст. Според зборовите на Клепач, руската економија стагнира. „И порано зборував дека тоа е напишано во нашата прогноза, т.е. во сценаријата кои претходно беа направени. Засега ние сме влезени во фаза на стагнација, односно пауза на растот“, изјави тој.
Според него, ризиците за продолжување на стагнацијата ги надминуваат инфлаторните. „Засега поактуелен е проблемот за продолжување на стагнацијата, отколку од самата инфлација“, изјави шефот на Министерството за економија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче