МНР на Русија се надева на адекватна реакција од ЕУ поради новите жртви во Украина

Москва се надева на адекватна реакција од ЕУ, која ќе ја осуди криминалната политика на киевските власти поради новите цивилни жртви на југоистокот на земјата, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Министерството нагласи дека и покрај бројните повици на Русија до западните партнери и меѓународните организации, и понатаму се продолжува широката воена операција која доведува до гинење на цивили и уништување на цивилната инфраструктура.

Во Киев се „глуви“ на повиците да се зачуваат животите на луѓето и по којзнае кој пат се бара од нив да го прекинат гранатирањето, кое очигледно е бесмислено, се кажува во соопштение на МНР на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња