Во Волгоградската област (Поволожје), која веќе прифати повеќе од 5.000 украински бегалци, испорачана e хуманитарна помош, соопшти Министерството за вонредни состојби на РФ. Два авиона испорачаа шатори, прехранбени производи, лекови и мобилен агрегат со вкупна тежина од речиси 80 тони. Хуманитарната помош се испорачува во центрите за привремено сместување.
Повеќе од 30 руски региони прифатија бегалци од Украина. Тоа се, пред сѐ, субјектите од Јужниот, Севернокавкаскиот и Централниот федерален округ. Дел од бегалците се прифатени и во Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче