Франција вети дека ќе ги исполни своите обврски околу „Мистралите“

Во текот на конференцијата за новинарите, амбасадорот на Франција во Руската Федерација, ЖанМорис Рипер, изјави дека француската влада не планира да го прекине извозот на „Мистралите“ во Русија.

Во текот на конференцијата за новинарите, амбасадорот на Франција во Руската Федерација, ЖанМорис Рипер, изјави дека француската влада не планира да го прекине извозот на „Мистралите“ во Русија. Единствена препрека можат да бидат новите санкции од страна на Европската унија кон Руската Федерација.

Амбасадорот додаде дека Франција е одговорна земја „која секогаш ги исполнува своите обврски“. Првата испорака на еден од бродовите е ветена за оваа есен.

 Претходно слична изјава се слушна и од претседателот Оланд. Тој увери дека договорот за „Мистралите“ ќе биде исполнет. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња