Украина соопшти дека Русија го повредила нејзиниот воздушен простор

Руски хеликоптери го повредиле воздушното пространство на Украина, се наведува во соопштението на украинската Државна погранична служба, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС.

Руски хеликоптери го повредиле воздушното пространство на Украина, се наведува во соопштението на украинската Државна погранична служба, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС.

„Воените хеликоптери од Русија на 3 јули вршеле воздушно извидување и изведувале показни летови вдолж руско-украинската граница и двапати го нарушиле воздушниот простор на Украина“, се наведува во соопштението на Државната гранична служба на Украина.

„Три руски хеликоптери во 8:20 ја преминаа државната граница на Украина во реонот на селото Беловодск во Луганската област, а во 9:20 хеликоптерите на Руската Федерација ја преминаа границата на Украина во реонот на граничниот премин „Должански“, исто така во Луганската област“, се наведува во соопштението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња