Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, изјави дека не ја исклучува можноста за воведување нови санкции против Русија, пренесува Ројтерс.
„Ако нема забележителни промени, најверојатно ќе бидат воведени санкции“, изјави Меркел.
Таа забележа дека во случајот со Украина „дипломатските решенија имаат приоритет“, а исто така изјави дека Германија помага да се регулира на мирен начин состојбата во земјата.
Претходно беше објавено дека САД и нивните западни партнери се подготвени да воведат нови економски санкции против Русија уште во текот на оваа недела.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче