Русите помалку пушат

Заменикот директор на одделот за здравствена заштита, Наталија Котенко изјави дека реализацијата на новиот закон против пушење во Русија ја намалила смртноста од кардиоваскуларни заболувања, пренесува „Интерфакс“.

„Уште сега може да се зборува за одредени резултати од реализацијата на законот. Се потврдува меѓународното искуство – мерките доведоа до намалување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања. Ги споредивме податоците од 2014 и 2013: во Русија смртноста од овие заболувања е намалена за 9,6%“, изјави Котенко.

Според новите податоци на Светската здравствена организација, во Русија е забележано и намалување на пушењето меѓу тинејџерите.

И покрај ова, Русија зазема едно од повисоките места во светот според бројот на пушачи – 60% од мажите и 22% од жените пушат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија