Вршителот на должноста губернатор на Севастопољ, Сергеј Менајло, изјави дека на иницијатива на Киев е прекината испораката на бродовите, авионите и другиот воен имот на Украина од Крим.
„Претставниците на министерствата во Украина ја завршуваат својата работа на Крим и заминуваат, објаснувајќи го тоа со одлука од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за прекин на воено-техничката соработка со Русија“, изјави Менајло.
Според неговите зборови, во заливот во Севастопољ останаа бродови на воената морнарица на Украина, а на аеродромот Белбек стојат дваесет украински воени авиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче