Русија и Србија ги потврдија плановите за „Јужен тек“

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изврши работна посета и преговори со својот српски колега, Ивица Дачиќ, пренесува ИТАР-ТАСС. За време на средбата министрите ги потврдија договорите околу „Јужен тек“ и ја подвлекоа неопходноста од реализација на тој проект.

„Тоа е единственото решение за снабдување на југоистокот на Европа“, изјави Лавров.

За реализација на копнениот дел од проектот „Јужен тек“, Русија потпиша меѓувладини договори со Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија. Првите испораки на гас се очекуваат во декември 2015 година.

Бугарија минатата недела го стопираше реализирањето на проектот заради консултации со Европската комисија. Поради тоа настана и одолговлекување на работите во Србија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња