Крим ќе добие крак од „Јужен тек“

Руските власти се подготвуваат за изградба на крак од „Јужен тек“ наменет за Крим.

Руските власти се подготвуваат за изградба на крак од „Јужен тек“ наменет за Крим. Според изјавите, изградбата на кракот од Јужен тек ќе биде финансирана од „Гаспром“. Рокот на изградба може да изнесува околу две години. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на изјава на министерот за Крим, Олег Савелев.

„Според податоците кои ги претстави Министерството за енергетика, се предвидува изградба на крак во следниве две години“, изјави Савелев, забележувајќи дека „Јужен тек“ ќе си продолжи по старата маршрута. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.