Киев треба да ја гарантира безбедноста на руската амбасада во согласност до Виенската конвенција, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Маја Коцијанчиќ.
„Безбедноста на странските дипломатски мисии на територијата на државите е обврска на сите земји во согласност со Виенската конвенција. Безбедноста на руската амбасада мора да биде гарантирана. ЕУ го осудува насилството против дипломатската мисија“, изјави таа, а пренесува ИТАР-ТАСС.
Украинските националисти на 14 јуни организираа нереди пред зградата на амбасадата на Русија во Киев, за време на кои беше симнато знамето на Русија, фрлани беа молотови коктели, превртени службените возила. Органите на редот не презедоа ништо за да го спречат насилството.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче