Претседателот на Русија, Владимир Путин, смета дека руските програмери се најдобрите во светот и дека нивното ниво на професионализам треба да се поддржува.
„Што се однесува до програмерите, јас целосно се согласувам со вашата позиција и мислење дека кај нас се најдобрите програмери“, изјави Путин на форумот „Интернет-претприемништвото во Русија“.
„Да, во Индија исто така има добри програмери. Но мене моите пријатели и познаници ми кажаа вака: кога требаше да се решаваат големи задачи, ние со задоволство земаме специјалисти од Индија. А кога треба да се решаваат некакви уникатни, тешки задачи, ние бараме специјалисти од Русија“, додаде Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче