Владата на Србија нема да ја прекинува изградбата на гасоводот Јужен тек и засега работата оди според планираното, изјави премиерот на Србија, Александар Вучиќ, а пренесува РИА „Новости“.
Претходно медиумите ја пренесоа изјавата на вицепремиерот на Србија, Зоран Михајловиќ, за тоа дека Србија е принудена да ја одложи работата околу изградбата на „Јужен тек“ поради позицијата на соседна Бугарија, која исто така ја прекина работата врз „Јужен тек“.
„Решението треба да го донесе владата која засега немала состанок. Ако има некакви измени, владата ќе донесе решение и вие ќе бидете известени за тоа“, изјави премиерот Вучиќ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче