Русија прва во светот ќе спроведе експериментално истражување на „екстремната вселена“

Благодарејќи на сателитот „Ломоносов“, руските истражувачи први во светот ќе ги проучуваат екстремните процеси во вселената, јавува РИА „Новости“.

Благодарејќи на сателитот „Ломоносов“, руските истражувачи први во светот ќе ги проучуваат екстремните процеси во вселената, јавува РИА „Новости“.

„Ломоносов“ е прва вселенска лабораторија за истражување на екстремните процеси во вселената, изјави Михаил Панасјук, директор на Научноистражувачкиот институт за нуклеарна физика при МГУ.

Според неговите зборови, планирано е со помош на тој сателит, создаден со учество на научниците од МГУ, да се регистрираат вселенските зраци со екстремно високи енергии. „Такви експерименти кај нас досега никој не вршел“, изјави шефот на институтот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.