Путин: На југоистокот на Украина нема руски војници, ниту инструктори

На југоистокот на Украина нема, и немало никакви руски воени инструктори или воени единици, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин во интервју за францускиот канал „ТФ1“.

На југоистокот на Украина нема, и немало никакви руски воени инструктори или воени единици, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин во интервју за францускиот канал „ТФ1“.

Тој ги демантираше претпоставките дека Русија има некакви намери да „анектира или да го дестабилизира југоистокот на Украина“.

Според неговите зборови, сегашните украински власти мораат да воспостават комуникација со своите граѓани, но не со помош на оружје, тенкови или авиони, туку по пат на преговори.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња