Руското офанзивно беспилотно летало тешко 20 тони, чие создавање е во тек, се планира да полета во 2018 година, изјави Олег Бочкарјов, заменик претседател на владината воено-индустриска комисија.
За конструирањето на леталото ќе бидат применети сите технички решенија кои се користени во изградбата на перспективниот авион Т-50. Работата тече според планираното, кажува Бочкарјов. Веќе во 2015-2016 година ќе се појави дрон со маса од 5 тони, конструиран од компанијата „Сокол“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.