Bank of America ја промени прогнозата за економскиот раст на Русија. Руската економија, благодарејќи на договорот склучен со Кина, во 2015 година може да покаже раст од 2,1%, наместо претходно предвидуваните 1,5%, јавува Блумберг.
Прогнозата за оваа година останува непроменета - 0,9%.
Според мислењето на специјалистите од Bank of America, договорот за испорака на гас во Кина „ќе покаже значителен макроекономски ефект“, кој позитивно ќе се одрази на растот на руската економија. Овој договор ќе ѝ помогне на руската рубља да се зајакне.
Bank of America ја зголеми и прогнозата за инвестициите во Русија во 2015 година до 4,3%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче