Руската компанија „Рособоронекспорт“ годинава ќе заврши со испорака на 48 хеликоптери Ми-171 во Кина, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на заменикот началник на одделот за извоз на хеликоптерска техника на компанијата, Владислав Кузмичев.
„Годинава ќе ја завршиме испораката на Ми-171. Тоа е договор од 2012 година за испорака на 38 хеликоптери. Летово ќе завршиме со испораката“, изјави Кузмичев.
Претходно Кузмичев подвлече дека Русија не гледа понатамошни перспективи за развој на односите со САД за испорака на Ми-17В-5 во Авганистан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче