„Росатом“ започна преговори со Кина за блоковите за нуклеарните централи

„Росатом“ започна преговори со Кина за изградба на нуклеарни блокови за АЕЦ во Кина, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на шефот на „Росатом“, Сергеј Кириенко.

„Росатом“ започна преговори со Кина за изградба на нуклеарни блокови за АЕЦ во Кина, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на шефот на „Росатом“, Сергеј Кириенко.

„Започнаа преговорите со кинеската страна“, изјави Кириенко за време на средбата со новинарите на Петербуршкиот меѓународен економски форум.

Русија веќе изгради во Кина два енергетски блока во Тјанванската АЕЦ кои започнаа со производство на електрична енергија во 2007 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња