Испораките на гас преку украинската територија не треба да бидат прекинувани за време на трилатералните преговори меѓу ЕУ, Русија и Украина. Ова го изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо во писмо до претседателот Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.
Според неговите зборови, страните треба да го продолжат конструктивниот дијалог околу иднината на цената „која ќе биде одраз на пазарните услови“. „За време на спроведувањето на трилатералните преговори не треба да се прекинуваат испораките на гас“, забележа Баросо.
Баросо смета дека Русија ќе ги исполни своите обврски. „Европската унија очекува дека сите страни ќе бидат сериозни и одговорни партнери во областа на испораката и транзитот“, се појаснува во писмото.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче