Експерт: договорот за гас меѓу РФ и Кина ја лиши ЕУ од можноста да врши притисок

Потпишувајќи го договорот за испорака на гас со Кина, Русија ја лиши Европа од средства за политички притисок, смета проректорот на Дипломатската академија при МНР на Русија, Александар Лукин.

Потпишувајќи го договорот за испорака на гас со Кина, Русија ја лиши Европа од средства за политички притисок, смета проректорот на Дипломатската академија при МНР на Русија, Александар Лукин.

Во средата Русија и Кина потпишаа 30-годишен договор за испорака на руски гас во Кина, кој вреди 400 милијарди долари.

Според зборовите на Лукин, Русија уште пред украинската криза бараше диверзифицирање на пазарот за да не зависи само од една страна - Европа. „Тоа е особено важно денес, кога поради украинската криза Европа нам ни се заканува со намалување на увозот и зависноста“, изјави Лукин за РИА „Новости“.

Тој забележа дека кинескиот договор не го покрива сето тоа што Русија би можела да го испорачува во Европа (само 1/3 од тоа што се испорачува). „Од друга страна, Европа не може веднаш целосно да го прекине увозот. Ако таа постепено го намалува увозот, ние ќе ѝ покажеме на Европа дека има каде да го испорачаме нашиот гас, дека има кој да го купи. Во тој случај ние ја лишуваме Европа од средства за политички притисок. Дури обратно, им покажуваме алтернатива“, смета експертот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња