Русија и Кина работат на усогласување на своите навигациски системи, пренесува „Прајм“.
За овој вид соработка се зборува во материјалите поврзани со посетата на претседателот на Русија во Кина, која е планирана да се одржи на 20 и 21 мај. „Се работи над усогласување на рускиот и кинескиот навигациски систем - ГЛОНАСС и Бејдоу“, се кажува во документите.
Исто така, двете страни планираат да ја активираат соработката во високотехнолошките сектори. Така, во цивилната авио-индустрија таа ќе се прошири на проектите за производство на авион за долги релации.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.