Американските економисти во своите есеи, основани на теоријата за економскиот циклус на рускиот научник Николај Кондратјев (1892-1938), тврдат дека САД се наоѓаат на прагот на економска депресија која ќе трае до 2020 година, пишува „Взглјад“, повикувајќи се на информации објавени во “The Economic Collapse”.
Хари Дахт, теоретичар за економските циклуси, тврди дека Америка веќе се движи кон големи економски проблеми. Според него, главната причина за тоа е демографијата и фактот дека американското општество забрзано старее.
Негативните демографски тенденции би требало да се рефлектираат на економијата на САД помеѓу 2014 и 2019 година, што ќе доведе до економски пад на почетокот на 2015 или 2017 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче