За Русија се еднакво важни сите енергетски партнери, и таа нема да се откаже од ниту еден, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, во рамките на Меѓународниот енергетски форум.
„Би сакал да подвлечам дека на Русија ѝ се важни сите партнери: и азиските, и европските. Ние од никого не се откажуваме, никому нема да му кажеме ’не’“, изјави Медведев.
Медведев додаде дека на државата ѝ се потребни предвидливи правила на игра на енергетскиот пазар, правила кои нема да зависат од политичката конјуктура.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.