Претседателот на Русија, Владимир Путин на 20 мај ќе изврши официјална посета во Кина, се пренесува на интернет-страницата на Кремљ.
„Во текот на преговорите меѓу лидерите во Шангај ќе се разговара за неколку прашања од билатералната соработка. За време на посетата ќе бидат потпишани документи од трговско-економската, енергетската и општествената сфера. Ќе се разгледа состојбата и перспективите на руско-кинеската соработка и на меѓународната арена“, се забележува во соопштението.
На 21 мај Путин ќе учествува на четвртиот самит на Советот за соработка и доверба во Азија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче