Русија ќе направи сѐ за да го зачува мирот во Приднестровје и да не допушти изолација на регионот поради случувањата во Украина, изјави вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, а пренесува ИТАР-ТАСС.
„Гледаме дека на границата на Приднестровје фактички се создава блокада. Во соседната Одеска област не се пуштаа мажите - што кажува самото по себе за стравот кој го имаат тамошните фашисти. Русија како гарант на мирот и безбедноста на Днестар ќе направи сѐ за да не се најдат жителите во изолација. Ние не само што ја следиме ситуацијата, туку и преземаме соодветни чекори. Ние сме помагале и ќе помагаме“, појасни тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче