Властите на Крим за една година ќе извршат гасификација во сите населени места на полуостровот

Властите на Крим планираат за една година да извршат гасификација на сите населени места на полуостровот. Претседателот на регионот, Сергеј Акјонов, смета дека во гасификацијата активно ќе учествува „Гаспром“, со што истата би требало да заврши за 14 месеци, пренесува „Интерфакс“.

Според неговите зборови, во моментов гас користат само 30% од населените места на Крим. „Од 1 јуни ќе започне гасификацијата. Сметам дека за една година ќе успееме да завршиме сѐ“, изјави тој, заклучувајќи дека првата етапа од програмата ќе се финансира од државниот буџет. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња