САД фактички го потврдија своето учество во организирањето на политичката криза во Украина преку изјавите дека власта има монопол врз насилството кон граѓаните, смета спикерот на Државната Дума на Русија, Сергеј Наришкин, пренесува „Интерфакс“.
„На почеток тие правеа сѐ за да не биде применета сила против вооружените радикали на Мајдан, а потоа новите киевски власти беа потпомогнати да дојдат на власт. Сега тие затвораат очи пред убиството на мирните граѓани во Славјанск, Краматорск , Одеса и во други места“, подвлече спикерот.
Исто така, тој додаде дека руската страна ќе преземе сѐ што треба за да прекинат безредијата во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче