Медиуми: Властите во Украина ќе одговараат за трагедијата во Одеса пред Европскиот суд

Претставниците на Народниот дом на РФ се подготвуваат да поднесат тужба во Европскиот суд за човекови права, со која ќе се бара повикување на киевските власти на одговорност и проценка на нивната вина за смрт на цивилното население во Деса и во другите украински градови, изјави Георгија Фјодоров, член на Народниот дом.

Ден пред да се случи трагедијата во Одеса, украинските власти самите се жалеа на Русија во Европскиот суд за човекови права. „Упатена е молба која се однесува на потребата Владата на РФ да се воздржи од мерки кои  можат да ги загрозат животите и здравјето на цивилното население на територијата на Украина“, соопштено е на прес-службата во Европскиот суд за човекови права.

Според зборовите на Фјодоров, киевските власти се обидуваат да ги оправдаат своите злосторства против сопствениот народ. „Сега сакаат својата вина да ја оправдаат пред Европејците, тврдејќи дека за сѐ се криви измислените провокатори од Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња