Преговарачот од Русија, кој преговараше за заробените набљудувачи на ОБСЕ, се врати во Москва

Претставникот на претседателот на Русија, Владимир Путин, се врати во Москва после разрешувањето на ситуацијата со набљудувачите на ОБСЕ во Славјанск.

Претставникот на претседателот на Русија, Владимир Путин, се врати во Москва после разрешувањето на ситуацијата со набљудувачите на ОБСЕ во Славјанск. Познато е дека претставниците на ОБСЕ, ослободени со негово посредување, се предадени на претставниците на специјалните набљудувачки мисии на организацијата.

Кон крајот на минатата недела на еден од контролните пунктови недалеку од Славјанск, претставници на Народната војска, кои не ја признаваат власта во Киев, уапсија 11 членови на воената мисија на ОБСЕ поради сомневање дека шпионираат. Покасно претставникот на претседателот на Русија замина во Украина за да преговара за нивно ослободување. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња