Руската страна нема да го прифати јазикот на ултиматуми, пренесува прес-службата на МНР на Русија после изјавата на Г-7 за кризата во Украина.
На 26 април државите од Г-7 ја обвинија Русија за непочитување на женевските договори, донесени на 17 април, за деескалација на кризата во Украина и воведоа нови санкции. На 28 април, властите на САД воведоа нови санкции против седум Руси и седумнаесет руски компании.
„Сакаме да кажеме дека нема да прифатиме јазик на ултиматуми упатен кон нас. Притоа, од своја страна сме подготвени да влијаеме и допринесеме за деескалација на конфликтот во Украина“, изјавија во МНР на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче