Компанијата „Сименс“ го признава приоритетот на политиката и строго ќе се придржува до режимот санкции против Русија, изјави директорот на германската корпорација, Џо Кезер.
„Политиката има приоритет. Ние се придржуваме до тоа доследно и ќе ги реализираме тие санкции“, изјави Кезер, а пренесува РИА „Новости“.
Тој, притоа, одби да ги процени губитоците кои ќе ги сноси неговата корпорација во случај на воведување нови санкции, сѐ додека „тоа прашање (за санкциите) не се разјасни“. Годишниот обрт на оваа корпорација во Русија изнесува 2 милијарди долари, а во руските фабрики на „Сименс“ работат околу 3.000 лица.
Директорот на „Сименс“ кон крајот на март ја посети Русија и се состана со претседателот Владимир Путин. Кезер тогаш изјави дека „Сименс“ не трпи притисок од страна на германските власти околу соработката со Русија. Но тој потоа во интервју за телевизискиот канал ZDF изјави дека „Сименс нема да дозволи краткотрајните немири да влијаат на долгорочните планови на корпорацијата“. Кезеровата посета во Русија и изјавата наидоа на критика во Германија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче