Руски бомбардери вежбаа летови над Северна Европа

Во средата руските стратешки бомбардери Ту-95МС, следени од ловците МиГ-31, прелетале над неутралните води на Северното море, соопшти Игор Климов, претставник на военото воздухопловство на Русија, а пренесува РИА „Новости“.

„Правецот на летот беше над неутралните води на Северното море, долж Колскиот полуостров. Авионите прелетаа преку 12.000 километри, а летот им траеше над 16 часа“, изјави Климов.

Екипажот вежбаше летови со полнење на гориво во воздухот. Бомбардерите биле следени од пар ловци МиГ-31, а меѓусебниот контакт бил реализиран со помош на „летачкиот радар“ А-50.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња