RBTH со нов подлисток во The International New York Times

На 23 април меѓународниот проект на „Росијскаја газета“, Russia Beyond the Headlines, излезе со нов печатен подлисток на англиски јазик за весникот The International New York Times.

На 23 април меѓународниот проект на „Росијскаја газета“, Russia Beyond the Headlines, излезе со нов печатен подлисток на англиски јазик за весникот The International New York Times.

Соработката со  The International New York Times му овозможи на RBTH да создаде нов формат на подлистокот, забележува Лара МекКој, извршен уредник на RBTH за Северна и Јужна Америка. „Секој месец во подлистокот ќе бидат претставена длабока анализа за еден од проблемите кој го интригира светот и каде Русија може да стане важен учесник во дискусијата“, забележа Лара МекКој.

Главната тема во новиот подлисток ќе биде посветена на проблемите на истражувањето и искористувањето на тоа што го нуди Арктикот. „Тоа е единствена неподелена територија на планетата каде се сконцентрирани огромни резерви на енергенси. Водечките руски експерти за овој регион дискутираат на страниците на подлистокот за тоа дали на Русија ѝ треба Арктикот и зошто таму се распоредуваат специјални воени сили“, изјави уредникот Глеб Фјодоров, коментирајќи го изборот на темата.

Сите материјали за подлистокот ќе бидат изготвени од поканети експерти. „Новиот подлисток ќе објавува аналитички забелешки, мислења, коментари на познати научници и аналитичари, подготвени да ги разделат своите мислења со читателите за Русија и нејзиното место во светот“, изјави Евгениј Абов од RBTH.

Исто така, подлистокот на RBTH во The International New York Times содржи материјали од аналитичкото издание на Russia Direct (www.russia-direct.org), издаван од RBTH.

The International New York Times стана 26-от партнер кој ги издава подлистоците на RBTH. Примероци од подлистоците на RBTH добија читателите во европските држави, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка, а исто и во неколку држави од Блискиот Исток.

Првиот број на RBTH во The International New York Times (INYT) излезе со тираж од 22.000 примероци.

Печатениот подлисток може да се превземе во E-paper формат на официјалната интернет-страница на изданието - https://www.rbth.com//e-paper

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.