На полигонот во Алабино (Московска област), вчера се одржа заедничка проба на воздухопловните сили на Русија, пешадијата и механизираните колони, кои ќе учествуваат во Парадата на Победата на 9 мај 2014 година на Црвениот плоштад, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во Алабино, поради пробите, практично е создаден нов Црвен плоштад. Полигонот е има иста големина, 695 х 300 метри. Главните атракции кои се наоѓаат на Црвениот плоштад се означени со посебни бариери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.